Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ поддржан од МЕДИА
Новиот филм на Теона Стругар Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ ја доби поддршката од потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, на последниот повик за поддршка на развој на филмски проекти, во висина од 30.000 евра.
- Во конкуренција од 294 пријави од цела Европа, на овој конкурс се поддржани 57 проекти, меѓу кои и најновиот филм на Теона Митевска, информира македонскиот МЕДИА Деск.
Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е во подготовка и ќе се реализира во продукција на „Сестри и брат Митевски“, во копродукција со партнери од Белгија и Словенија, а се очекува во реализацијата на проектот да се приклучи уште една западноевропска земја.
Во образложението за проектот, комисијата го оценува сценариото со највисоки оценки и го истакнува и креативниот тим, кој, како што се наведува, несомнено може да ја изнесе на површина креативната визија на режисерот.
„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија со 30.000.000 денари и беше презентиран на три маркети, од кои на Синелинк во Сараево ја освои највисоката награда за развој на проекти која ја дава европскиот фонд Еуримаж, во висина од 20.000 евра.
Програмата МЕДИА стана достапна за македонските филмски професионалци од јули 2015, а од април 2016 година во рамки на Агенцијата за филм почна да функционира и канцеларијата на МЕДИА. Од приклучувањето на Македонија во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, со поддршка се здобија поголем број проекти.
Ново на Сител
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија