Филипините воведоа максимални мерки за безбедност
На Филипините, каде што идната недела ќе се одржи самит на шефови и држави и влади од регионот Азија – Пацифик (АПЕК), по терористичкиот масакр во Париз е прогласен највисок степен на мерките за безбедност.
Во Манила треба да допатуваат првите луѓе на САД, Кина, Јапонија и уште 17 други држави, кои треба да разговараат за унапредување на економската соработка. Меѓу учесниците ќе го нема рускиот претседател Путин, а него ќе го замени премиерот Медведев.
Мерките за безбедност на Филипините беа кренати на повисок степен и пред настаните во Париз. Поради реалната опасност од терористички напади на локалните исламски радикали елитниот кварт Мекати, каде што ќе се оддржува Самитот, повеќе од месец дена ни едно лице не може да влезе или излезе без идентификација и информирање за целта на неговото доаѓање и движење.
Ново на Сител
-
Во Турција уапсени 15 лица поради пожарот во ски-центарот Карталкаја
-
Десетици илјади Германци протестираа во Берлин против зголеменото влијание на екстремната десница
-
Скопјанец следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал
-
Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата
-
Северна Кореја тестира стратешки крстосувачки ракети море-земја
-
САД не ја прекинаа воената помош за Украина, рече Зеленски
-
„Немам кислород“ – низа протести во Грција за железничката несреќа кај Темпи по новите докази објавени во медиумите
-
Најмалку 70 загинати во напад врз болница во Судан