-->
-->
Филипче: Во понеделник пристигнуваат вакцините од Фајзер
-->
Министерот за здравство, Венко Филипче денес изјави дека пристисокот врз болниците е намален и дека има слободни кревети.
Според министерот Филипче досега со АстраЗенека се вакцинирани 13.000 лица, а вкупниот број на имунизирани лица до вчерашниот ден изнесува околу 35.000 граѓани.
„Во понеделник пристигнуваат вакцините Фајзер со авионски превоз до аеродромот во Софија, а потоа во попладневните часови со ладен ланец ќе дојдат во нашата земја“, вели министерот Филипче.
-->
-->
-->