-->
-->
Филипче: Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи кај нас
-->
Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи кај нас со оглед на тоа што, според нашите сознанија, ниту една не е во фаза во која целосно се завршени клиничките студии, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
На прес-конференцијата во Владата, одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека се следи развојот на сите вакцини.
– Имавме комуникација со рускиот амбасадор на кој му упативме дополнителни прашања за кои немавме увид. Одговори се уште не сме добиле. Во меѓувреме, го следиме и развојот на вакцините на близу 10 компании кои се во најнаредните фази на клиничко истражување, рече Филипче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина