Македонија
4. July 2021 - 14:06

Филипче: САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем

Упатувам најискрени честитки до граѓаните на САД, 4 јули не само за нив, за сите земји во светот е инспирација за еднаквост, достоинствен живот и слобода, напиша министерот Филипче на совјот Фејсбук профил, по повод денот на независноста на САД.

Воедно истакна дека САД имаат сериозен придонес за зајакнувањето на здравствениот систем во државава.

-САД денеска го слават 4 јули. Двесте четриесет и пет години, почитувајќи ги вредностите на Декларацијата за независнот. Горди сме на традиционалното пријателство со американскиот народ, на поддршката која ја добиваме како држава и тоа што сме сојузници во НАТО. САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем, се наведува во неговата објава.