Филипче: Природниот имунитет со тек на време се намалува, вакциналниот имунитет е потраен
Министерот за здравство Венко Филипче во денешната изјава за медиумите на прашање дали има логика во тоа прележаните после 45 дена мора да бидат вакцинирани одговори дека има многу медицински факти и податоци кои донеле до таква одлука и дека суштината на тие мерки е што поскоро да се постигне колективен имунитет и да се смени сликата со пандемијата.
- Прво граѓаните мора да знаат дека додека сите не се вакцинираме ова нема да престане и тоа е единствениот спас. Има јасни препораки дека природниот имунитет после прележување на болеста со тек на време се намалува и вакциналниот е оној кој што е потраен. Овие препораки на релевантни институции кои потекнуваат од медицински студии одат до тоа да за што пократко време луѓето се имунизираат. Точно е дека има студии кои укажуваат дека граѓаните имаат имунитет и после 5,6 месеци од прележаната болест меѓутоа природниот имунитет се намалува. Мора да се вакцинираме за да спречиме следни бранови. Нема зошто да чекаме, ние мора ова да го прекинеме, и тоа е логиката за тие 45 дена. Суштината на таа препорака е да се подигне колективниот имунитет за целосно да се смени сликата со пандемијата, вели Филипче.
Филипче потенцираше и дека пациент што се опроравува од вирусот нема разлика дали ќе се вакцинира после еден или после шест месеци, за него нема никаква разлика ама има разлика за колективниот имунитет. Нема зијан ни контраиндикации да се вакцинира порано.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот