Филипче: Она што сакаме е линеарен пораст на нови пацинети, стратегијата дава резултати
Линеарен пораст на нови пациенти е она што го сакаме. Стратегијата што ја применуваме е одлична и таа дава резултати и треба да се почитува.
Ова го порача министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во Топ тема на ТВ Телма истакнувајќи дека е автентичен и добар модел за нас затоа што еден скрининг на населението во оваа фаза може да даде лажно негативни резултати и со тоа да попушти притисокот кај луѓето да не се почитуваат мерките.
-Во фаза сме кога секојдневно имаме сличен број на дијагностицирани. Линеарниот пораст е нешто што секоја земја сака да го постигне. Тоа значи да не се случи болничките установи да не можат тоа да го издржат. Такво сценарио се случи во северна Италија. Тоа беше сериозно претотоварување на болниците со пациенти кои се за на интензивна нега, рече Филипче.
Според министерот, мерките што се имплементирани дозволија да сме во фаза во која кривата е релативно блага. -Не е стрмна што нема да може да издржи здравствениот систем и тоа е целта на мерките што значат ограничување на ширење на вирусот, а и свеста кај населението е поголема, вели Филипче.
Тој појасни дека тестирањето и на оние кои немаат симптоми може да даде лажно негативни резулати, што може да доведе до тоа да не се почитуваат мерките.
Потенцира дека треба да се тестираат само пациенти што имаат симптоми и сите нивни контакти да се стават во изолација.
Министерот наведе дека ги знаат сите кластери и дека се е ставено на хартија.
Оценувајќи дека е најважно граѓаните да ги даваат вистинските податоци, рече дека вирусот го имаме најмногу од оние што дојдоа во земјава и не ги дадоа вистинските податоци, а и дека се прават анализи и на пациентите со сезонски грип, каде годинава има пораст во однос на вообичаената бројка до лани.
– Ги анализиравме бројките на пациенти со сезонски грип и за разлика од вообичаениот број до минатата година историски гледано повеќе години наназад биле околу 20 илајди, а оваа година се 37 илјади. Значи скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите на тие пациенти кои се лекувале од сезонски грип и на кои се земале брисеви се анализирале за присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип, се уште се во Институтот за јавно здравје и тие може дополнително да се тестираат да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот. Меѓутоа сега целосно капацитетот е насочен на детекција на новите пациенти, затоа малку поспоро ќе оди ова да се изанализира и да се направи некаква ретроспектива што може да даде поточни податоци, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места
-
МЕРСМ: Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика
-
Синер и Алкараз во финалето во Рим
-
Пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши во неговиот двор, приведен 69-годишник
-
Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин
-
Шесте милијарди евра од Договорот за стратешко партнерство ќе бидат достапни под најдобрите услови на пазарот, најави Мицкоски
-
Кривична против три лица кои на 10 мај опожариле викенд куќа во велешко
-
Приведен 49-годишен кумановец, возел со 3,46 промили алкохол во крвта