Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска ја одржал првата средба и координација со пратеничката група на СДСМ, за, како што соопштија од партијата, организирано и силно делување во македонското Собрание. Со оваа средба, се додава, се означува почетокот на новото политичко делување на партијата.
На средбата се разговарало за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието.
-Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај граѓаните, а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните, рекол Филипче.
СДСМ, се подвлекува во соопштението, ќе делува конструктивно во интерес на граѓаните и будно ќе ја следи работата на Владата и законите кои ги предлагаат.
Ново на Сител
-
Претседателката на ЕБОР утре во посета на Македонија
-
Зголемена потрошувачката на вода, Водовод апелира на рационална употреба
-
Уапсен маж кој им се заканувал на Трамп и сенаторот Џеј Ди Венс
-
Земјотрес од 5,2 степени регистриран во близина на Крит
-
Топло и ветровито, попладне локална нестабилност, од вторник пад на температурата
-
Денеска е Св. великомаченик Прокопиј
-
Почина 51-годишниот скопјанец кој се бореше за живот на Ургентен, по случена сообраќајна несреќа
-
51-годишен скопјанец се бори за живот на Ургентен по случена сообраќајка, го реанимираат со часови