-->
-->
Филипче: Младиот Иле се чувствува добро по трансплантацијата
-->
Министерот за задравство Венко Филипче денес се обрати на јавноста околу тоа како помина операцијата.
„Беше одлучено трансплантација да се изврши на младиот пациент Иле Стрезовски. Кај него срцето слабо пумпа, и единствен спас беше трансплантација. Тимовите кои работеа на трансплантација, беа предводени од д-р Сашко Јовев и д-р Жан Митрев. Младиот Иле е добар, се чувствува добро, сите параметри се добри, и се надевам дека успешно ќе закрепне. Да им честитам на сите членови на тимот кои работеа. Бубрезите ги добија уште еден 27-годишен и 40-годишен пациент, а во текот на идната недела ќе се прават трансплантација на коски и ткива на други пациенти“, рече Филипче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Два полициски хеликоптера го гасат пожарот во околината на Блаце
-
Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини
-
Трамп од денеска испраќа писма со нови царини до трговските партнери
-
На ГП Табановце се чека до половина час
-
Без струја дел од општините Сарај и Илинден
-
Во Владата состанок на Советот на странски инвеститори
-
ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје - Блаце
-
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот