Филипче: Ја обезбедивме целата потребна терапија за голема бројка пациенти со коронавирус
Со оглед на тоа што излегоа повеќе студии од веќе аплицирана терапија во светот, ние ја обезбедивме целата потребна терапија за навистина голема бројка пациенти со коронавирус во нашата земја, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека тоа е комбинацијата на терапија која досега во повеќе публикации укажува на тоа дека дава добри резултати во лекувањето на пациентите со коронавирус.
– Процедурата е таква што протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што се направи изутрината и денеска и веќе утре треба да се заврши формално правната постапка со добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде тоа е индицирано. Станува збор за терапија за која ќе се прават клинички студии, но многу земји веќе ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји, рече Филипче.
Посочи дека на Клиниката за инфективни болести денеска се прават шест контролни тестирања на пациенти кои веќе се хоспитализирани од кои тројца се во потешка состојба, еден е во средно тешка и двајца пациенти се со лесна клиничка слика.
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати