Филипче: Ако ризикот на невакцираните е голем ќе воведеме рестриктивни мерки
Засега не се планира воведување рестриктивни мерки, ни на границите, ни во објектите низ земјата, потврдува министерот за здравство Венко Филипче.
– Засега не планираме да воведеме рестриктивни мерки. Размислуваме дали е потребно нешто да се направи наесен и ги следиме искуствата во другите земји. Многу земји во светот најавуваат воведување рестрикции само за невакцинираните луѓе, но ние сè уште не сме донеле одлука. Секако, ако процениме дека ризикот од невакцинираните е доволно голем, тогаш ќе воведеме нови рестрикции – рече Филипче.
Тој рече дека денеска ќе ја надминеме бројката од 500.000 вакцинирани лица со најмалку една доза.
– Добро се одвива теренската вакцинација, околу 20.000 лица се вакцинирани со помош на теренската вакцинација. Можам да кажам дека имунизацијата во земјава одлично се одвива, а денеска ќе ја надминеме бројката од 500.000 вакцинирани лица со една доза. Лекарските екипи се на терен, кампањата силно ќе се интензивира со цел да се подигне опфатот со вакцинација. Луѓето кои се на терен јасно ги бележат местата каде што се спроведува вакцинацијата и верувам дека граѓаните се доволно информирани преку целата оваа силна комуникација – истакна Филипче.
Ново на Сител
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија
-
Со кран се евакуираат станари од покривот на зградата во Чаир | ВИДЕО
-
Повреден пожарникар при гаснење на пожарот Чаир
-
СДСМ: Намалена просечната плата за 1.000 денари
-
МНР и НТ со осуда за иранскиот ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив
-
Гори зграда во Чаир, неколкумина повредени и евакуирани над 100 станари
-
Во Берово најстудено, температура под нулата
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот