Фич и Стандард и Пурс ја намалија проценката на долгот на Венецуела
Агенција за кредитен рејтинг Фич ја намали оценката на солвентноста на Венецуела до „Ц" , откако венецуелската влада најави средба со кредиторите.
Фич потсетува дека Венецуела веќе ги пропуштила роковите за плаќање во време на тешка политичка и економска криза. Во комбинација со вчерашната владина најава, агенцијата верува дека „несолвентноста е многу веројатна".
Стандард и Пурс, исто така, ја намали својата проценка за долгот на Венецуела, која се движи од „ЦЦЦ-" до „ЦЦ" . Таа агенција ја образложува одлуката со фактот дека Каракас може да го пропушти плаќање или да најави операција за реструктуирање на долгот, „еднаков на банкрот во следните три месеци".
Венецуела во четвртокот најави реструктуирање на својот надворешен долг, проценет на 155 милијарди долари, за да се избегне несолвентност. Вчера земјата најави состанок со своите доверители на 13-ти ноември во Каракас.
Вчера Меѓународниот монетарен фонд потсети дека Венецуела ги прекршува правилата на оваа финансиска институција, која со години нема пристап до целосните економски податоци на земјата.
Ново на Сител
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари