Бизнис
6. April 2024 - 17:19

Фич го потврди кредитниот рејтинг на земјава, повисоките плати - ризик за подгревање на инфлацијата

Инфлацијата ќе забавува, цените на храната ќе паѓаат, растот на економијата ќе зајакне. Ова се прогнозитите на кредитната агенција ФИЧ, која го потврди рејтингот на земјава ББ плус со стабилен изглед.  Затегнатата монетарна политика и замрзнатите цени на храната придонесоа  инфлацијата да се намалува и годинава ќе достигне 3,7 отсто. Но ризик за подгревање може да биде брзиот раст на платите, особено во јавниот сектор.

Стабилноста во однос на инфлацијата треба да се гледа внимателно од аспект  дека имамеекономски политики и кај двете најголеми политички чинители кај македоснкиот блок, кои предвидуваат прилично забрзана динамика кај растот на платите. Тоа секако може да предизвика одреден инфлаторен притисок, изјави Синиша Наумовски, член на Совет на Народна банка

 Фич очекува растот на економијата да достигне 2,9%, поттикнат од зголемената приватна потрошувачка, поради растот на платите, реализација на коридорите 8 и 10Д и приливот на странски директни инвестиции, но и на евроспките пари наменети за забрзан раст на земијте од Западен Балкан. Но, Наумовски е поспесимист. Очекува  раст под  2 %

Зошто е тоа така? Мораме ние да кажеме дека потфрламе во делот на директни странски инветиции, што е сериозен  дел, кој што колку и да да го правиме ПР или слично , тука имам проблем , и неисполнување на капиталните инвестиции, додава Наумовски

Токму бавниот почеток на реазлиација на коридорите 8 и 10Д  и лошите земјоделски перформански  го забавија еконсомксиот раст, пишува ФИЧ. Како негатоивности, , извештајот ги наведува зголемувањето на јавниот долг, евроизација на банкарскиот сектор и се уште високата структурна невработеност, одразувајќи ја големата неформална економија и неусогласеноист на вештините, заедно со слабиот раст на продуктивноста. .

Банкарскиот сектор останува стабилен и профитабилен, со адекватност на капиталот највисок во песоледните 17 години. Поради високите камати, кредитирањето забави, но се намалија и цените на недвинините.

Инаку креитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик за  инвестирање , кој е клучен параметар за инвеститорите при носење одлука за влез во некоја земја.