ФБИ: За две години во САД на јавни места убиени над 220 лица со огнено оружје
Во текот на 2016 и 2017 година на јавни места во САД со огнено оружје се убиени 221 лице, се наведува во неодамна објавениот извештај на американското Федерално истражно биро (ФБИ).
При 50 случаи на користење огнено оружје повредени се 722 лица. Во статистиката не се вклучени лицата кои го извршиле нападот, ниту престрелки меѓу криминални банди.
Во 2017 година се евидентирани 30 активни престрелки, за разлика од 20 забележани во годината претходно.
Најсмртоносен напад во САД во последните две години е оној кој го изведе Стивен Падок во Лас Вегас. Тој 64-годишен маж, на 1 октомври 2017 година уби 58 и рани 489 лица на концерт, пред да се убие.
Според податоците на Конгресот на САД, 326 милиони Американци имаат 300 милиони парчиња огнено оружје - двапати повеќе отколку во 1968 година.
Статистиката на ФБИ покажува дека околу две третини од убиствата во земјата се извршуваат со огнено оружје.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата