Фаучи: Британската мутација на вирусот може да стане доминантна во САД
– Мутацијата на коронавирусот Б.1.1.7, првпат откриена во Велика Британија, веќе се шири во САД и може да стане доминантна во земјата, изјави доктор Ентони Фаучи, шеф на Националниот институт за алергии и заразни болести, јави Си-Ен-Ен.
– Неодамнешното истражување од Велика Британија покажа дека оваа мутација може да биде нешто поубиствена во смисла дека ги прави луѓето повеќе болни и може да стане доминантна бидејќи се чини дека е многу брзо и лесно се шири од човек на човек, изјави Фаучи.
Тој оддаде дека единствениот начин да се спречат мутациите да станат доминантни е да се запре нивното ширење со почитување на мерките за заштита на јавното здравје и вакцинирање што е можно повеќе луѓе што е можно побрзо.
Мутацијата Б. 1.1.7 циркулира во Англија најрано од септември. Според британските научници, таа се шири 30 до 70 проценти полесно од оригиналниот вирус, а тие откриле мутација кај некои примероци од овој вид, што може да му овозможи на Ковид-19 да избегне заштита со антитела.
Досега е потврдена во најмалку 70 земји, вклучувајќи ги и САД.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи