Македонија
28. December 2021 - 11:33

Фатени со застрелано диво животно и ловечка пушка, три млади лица од Житоше ловеле незаконски

Полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода А.Т.(24), Ф.Х.(22), Х.Х.(24) и Ќ.Х.(26), сите од с.Житоше, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.

При контрола во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., а останатите лица била сопатници, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ и застрелано диво животно.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.