„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
Руските вооружени сили регрутираа стотици Јеменци да се борат во Украина, што доведе до операција за шверц на луѓе што ги истакнува растечките врски меѓу Москва и бунтовничката група Хути, објави денеска „Фајненшл тајмс“.
Јеменските регрути кои отпатувале во Русија изјавиле за британскиот дневен весник дека им биле ветени високо платени работни места, па дури и руско државјанство, но дека кога пристигнале во земјата со помош на компанија поврзана со Хутите, биле насилно примени во руската армија. и испратени на фронтот во Украина.
Американскиот специјален пратеник за Јемен, Тим Лендеркинг, за весникот изјави дека Русија работи на зајакнување на врските со Хутите и дека се разговара за трансфер на оружје.
„Знаеме дека во Сана има руски персонал кој помага да се продлабочи овој дијалог. Видовите на оружје за кои се разговара се многу алармантни и би им овозможиле на Хутите попрецизно да ги таргетираат бродовите во Црвеното Море, а можеби и пошироко“, рече Лендеркинг.
Хутите поддржани од Иран, кои контролираат огромни делови од Јемен, почнаа да таргетираат комерцијални бродови во Црвеното Море во знак на, како што рекоа, солидарност со Палестинците во војната во Газа, предизвикана од терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Магед Алмадаџи, шеф на Центарот за стратешки студии во Сана, истражувачки центар фокусиран на Јемен, исто така рече дека Русија се интересира „за која било група во Црвеното Море или на Блискиот Исток, која е непријателски настроена кон САД. Тој потврди дека платениците се организирани од Хутите, како дел од напорите за градење врски со Русија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча
-
150 килограми марихуана запленети на Богородица | ВИДЕО
-
Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди додека местел церада на „Сканија“
-
Сторија за најмладиот собирач на народни носии во Македонија
-
Доживотна казна затвор за убиецот на Емилија Пешева
-
Зијадин Села повторно впишан како претседател на партијата Алијанса на Албанците
-
Вчера казнети 864 возачи - 262 за брзо возење, 201 за погрешно паркирање, 67 возеле без возачка дозвола
-
Приведена 22-годишна жена во Тетово барана по централна потерница