„Фајненшл Тајмс“: Лондон сака „одбранбен пакт“ со Германија
Владата на Велика Британија настојува да ја увери Германија за потребата од создавање „одбранбен пакт“ меѓу двете земји, со цел да се потикне солидарноста во пост-Брегзит периодот, кога Британците ќе бидат надвор од ЕУ, пишува денешен „Фајненшл Тајмс“.
Засега нема повеќе детали околу тоа како е замислен овој проект на Владата во Лондон со најголемата и најмоќната членка на Унијата, но весникот тврди дека станува збор за обид на Велика Британија да ја увери, пред се сопствената политичка јавност, а потоа и европската, дека по напуштањето на ЕУ, Обединетото Кралство нема да и сврти грб на Европа.
Потврда на тоа би требало да биде „одбранбеното партнерство“ со Германија кое треба да се изгради во периодот по Брегзит.
Понудата до германската Влада е новина затоа што солидарно и одбранбено партнерство Велик Британија има сега, а ќе има и понатаму преку членството во НАТО и тоа не само со Германија, туку и со сите други членки на Алијансата.
По излегувањето од ЕУ, за Британците единствени политички врски со континентот ќе бидат само преку Алијансата, па затоа Лондон сега инсистира на одржувањето на НАТО и на неговото единство, спротивставувајќи се на идеите да се се создадат и европски одбранбени сили за брза интервенција.
Безбедносни експерти веруваат дека британската Влада стравува оти со заедничките сили на ЕУ, Велика Британија како земја надвор од Унијата би била истисната од Европа и би останала без поголемо политичко и воено влијание на континентот.
Министерството за одбарана во Лондон не го демантира пишувањето на „Фајненшл Тајмс“, освен што нагласи дека во основа станува збор за „заедничко соопштение“ за идната одбранбена соработка меѓу Велика Британија и Германија.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг