Фабијус: Припадниците на ИД се чудовишта
Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус изјави дека треба да се води бесмилосна борба против Исламска држава.
Тој членовите на ИД, која ја презеде одговорноста за нападите во Париз на 13 ноември, ги нарече чудовишта.
- Но, тие се 30.000 луѓе. Поради тоа е незамисливо фронт од држави - Франција, САД, Германија, Велика Британија, Русија, Турција и други, да не успее да ги неутрализира. А треба да се изнајде и политичко решение за војната во Сирија, во која зазгинаа 300.000 луѓе, а милиони станаа бегалци, а од тоа последици има целиот регион и целиот свет, посочи Фабијус во Бразилија.
Тој додаде дека планот за политичка транзиција во Сирија, прифатен во Виена, е првиот знак на надеж за надминување на ситуацијата. Според планот предвидено е средба меѓу претстсавници на режимот на претседателот Башар ал Асад и на опозицијата до 1. јануари 2016 година, потоа составување на влада во рок од шест месеци, усвојување на нов устав во рок од 18 месеци и потоа распишување на слободни избори.
Асад посочи дека планот може да почне да се реализира откако ќе биде победен тероризмот.
Ново на Сител
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила
-
Кривична против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“
-
Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска
-
Десетици илјади Украинци во САД од денеска без правна заштита и под ризик од депортација
-
Трамп пред средбата со Путин: Ќе се разговара и за територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина
-
Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор