-->
-->
ФА Куп: Лестер тешко до победата над Дерби
-->
Актуелниот англиски шампион Лестер со многу мака и по два одиграни натпревари успеа да го совлада тимот на Дерби Каунти и да се пласира во осминафиналето на ФА Купот.
Откако првиот натпревар меѓу овие два тима заврши без победник 2-2, синоќа се одигра повторениот натпревар. И вторите 90-минути не беа доволни да се добие победникот. Реагуларниот дел заврши нерешено 1-1, а дури во продолженијата фудбалерите на Лестер го скршија отпорот на Дерби Каунти и постигнаа два гола, па со конечни 3-1 се пласираа во осминафиналето.
Таму Лестер за противник ќе го има Милвол против кој ќе игра на гостински терен во Лондон.
Во останатите натпревари од осминафиналето на ФА Купот ќе играат:
Барнли – Линколн,
Фулам – Тотенхем,
Блекбурн – Манчестер Јунајтед,
Сатон – Арсенал,
Мидлсброу – Оксфорд,
Вулверхемптон – Челзи, и
Хадерсфилд – Манчестер Сити.
Натпреварите ќе се играат од 17 до 20.февруари, а доколку нема победник ќе се одиграат повторени средби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај