-->
-->
ФА куп: Лестер „извлече“ повторен дуел со Дерби
-->
Првиот натпревар од 1/16 финалето на ФА купот одигран синоќа меѓу Дерби Каунти и Лестер заврши без победник 2:2. За пласман во осминафиналето овие два тима ќе одиграат и повторен натпревар за десетина дена на теренот на Лестер. Гостите поведоа во 8.минута со автоголот на Дарен Бент, а истиот фудбалер во 21.минута го изедначи резултатот. Водство од 2:1 за Дерби во 40.минута донесе Крег Брисон, а изедначи Вес Морган во 86.минута.
Денеска се играат 11 натпревари од оваа рунда, а двојките се:
Ливерпул – Вулверхемптон,
Челзи – Брентфорд,
Оксфорд – Њукасл,
Линколн – Брајтон,
Кристал Палас – Манчестер Сити,
Барнли – Бристол Сити,
Блекбурн – Блекпул,
Тотенхем – Викомб,
Рочдејл – Хадерсфилд,
Мидлсброу - Акрингтон,
Саутемптон – Арсенал.
Во недела се играа четири дуели:
Милвол – Вотфорд,
Фулам – Хал,
Сатон – Лидс и
Манчестер Јунајтед – Виган.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната