-->
-->
Ф-1: Квјат „избркан“ во Торо Росо!
-->
Рускиот возач во Формула 1 шампионатот, Данил Квјат, остана без своето место во Ред Бул поради инцидентот кој го предизвика на трката во Сочи. Квјат на почетокот на трката двапати го удри, а потоа го исфрли Себастијан Фетел од трката, а во инцидентот настрада и неговиот тимски колега Даниел Рикардо.
Единствениот Русин во Формула 1, Квајт, на руското Гран при во обид да се докаже пред фановите, направи неколку непромислени потези, го исфрли Фетел од трката, со што го разлути шефот на Ред Бул, Хелмут Марко, кој пред трката во Шпанија (15. мај), реши Квајт да го испрати во сестринскиот тим Торо Росо, а во Ред Бул ќе вози Марк Ферстапен.
Ред Бул не појасни дали оваа рокада ќе биде само за трката во Шпанија или ќе важи до крајот на сезоната.
„Ферстапен е исклучителен млад талент, задоволство ние што ќе му пружиме шанса во Ред Бул. Од друга страна, Данил ќе има можност да продолжи да напредува во Торо Росо. Тој добро ги знае работите таму и знае дека ова не е казна, туку само претставува логичен редослед на настаните“, соопштија од Ред Бул.
„Еден кикс и удирање во друг болид, пред своја публика, можеби и би бил прифатлив, но тоа не важи доколку се направи двапати. Тој не им ја упоропасти трката на Фетел и Рикадро, туку ја упропасти и својата трка. Тоа беше катастрофален ден за Ред Бул“, рекол Марко.
Според стручњаците, Ред Бул сигурно нема намера да ја загрози кариерата на возачот во кој има вложено многу, туку смета дека во Торо Росо ќе може да ја врати самодовербата, додека во исто време Ред Бул ќе може да ги види квалитетите на Ферстапен, кој се очекува да биде прв возач на овој тим во наредната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија