Европските лидери го осудија нападот врз Израел
Силно ги осудувам терористичките напади врз Израел од Газа. Силно ги осудувам неселективните напади започнати утрово против Израел и неговиот народ, изложувајќи ги невините граѓани на терор и насилство“, напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на X.
Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли на социјалните мрежи објави дека Лондон недвосмислено ги осудува ужасните напади на Хамас врз израелските цивили и оти секогаш ќе го поддржува правото на Израел да се брани.
Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи во Париз соопшти дека Франција ги осудува „тековните терористички напади против Израел и неговото население“, како и оти Париз ја изразува својата целосна солидарност со Израел.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок нагласи дека насилството врз невините луѓе мора веднаш да престане.
Украинското Министерство за надворешни работи во Киев на X објави дека „Украина силно ги осудува терористичките напади врз Израел, вклучително и ракетните напади врз цивили во Ерусалим и Тел Авив. Ја изразуваме нашата поддршка за Израел во неговото право да се брани себеси и својот народ“.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов посочи дека Москва е во контакт со Израел, Палестинците и арапските земји.
– Се подразбира дека ние секогаш повикуваме на воздржаност, наведе Богданов.
Додека египетското Египет Министерство за надворешни работи предупреди на „тешки последици“ од ескалацијата на тензиите помеѓу Израел и Палестинците и повикува на „максимална воздржаност и да не се доведуваат цивилите во понатамошна опасност“.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија