Европскиот парламент ќе расправа за напредокот на Република Македонија
На дневен ред на пленарната сесија на Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур, доцна вечерва, е Извештајот за Република Македонија за 2015 година. Комисијата за надворешни работи на ЕП минатиот понеделникот со 42 гласа „за" и девет „против" ја усвои Резолуцијата, во која известувачот Иво Вајгл предлага до Европскиот совет отворање на преговорите за членство во Европската унија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Ова ќе биде седма последователна препорака Република Македонија од ЕП до Европскиот совет за отпочнување преговори со Република Македонија.
За Резолуцијата на ЕП ќе треба да се гласа утре и таа се однесува на Извештајот за напредок на Република Македонија во евроинтеграциите што пред крајот на минатата година го поднесе Европската комисија.
Во Резолуцијата има условена препорака за преговори која зависи од успешно завршување на политичката криза со успешно организирани избори на 5-ти јуни.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања