Европратеникот Флекенштајн во посета на Македонија
Дебата на тема „European Values for Macedonian Future“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата „Фридрих Еберт - Канцеларија Скопје во рамки на официјалната посета на пратеникот во Европскиот парламент Кнут Флекејнштајн.
На дебатата студентите и претставниците на младинските организации во Македонија, ќе имаат можност да ги споделат своите идеи и ставови за влијанието на евроинтеграциските процеси на земјата и почитувањето на европските вредности и да добијат одговор на прашањата
На кој начин членството во ЕУ ќе придонесе за унапредување на животниот стандард на младите луѓе во Македонија во поглед на образование, вработување, култура, инклузивност и учество во демократските процеси на национално и локално ниво? Колку прифаќањето на европските вредности ќе влијае во градење на интер-културно општество без предрасуди и стереотипи во кое се почитуваат различности?
Како што најавува организаторот на дебата ќе се обрати и министерот за образование Арбер Адеми.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата