-->
-->
Евробаскет 2015: Прва победа за Македонија
-->
Македонската кошаркарска репрезентација ја постигна првата победа на ЕП во групата во Загреб. Попладнево нашите кошаркари ја совладаа Холандија со 78:71. по четвртини: 19:20, 24:11, 13:18 и 22:22.
Решавачката предност нашите кошаркари на направија во вториот период кога и поведоа. Од тој дел на играта македонските играчи успеаја да го затвореат рекетот и да го намалат офанзивниот скок на противникот, а во неколку клучни моменти нашите играчи постигнаа и тројки (вкупно 12 во целиот натпревар).
Во вториот дел Холандија се обиде да ја намали разликата, но не успеа, а Македонија во 38 минута имаше и највисоки +15 (75:60). Пет играчи во нашиот состав постигнаа двоцифрен број поени: Илиевски 14, Трајковски 13 (сите во вториот дел), Костовски 13, Војдан Стојановски 11 и Хендрикс 10.
Македонија утре е слободна, а во вторник го игра третиот натпревар против ко-домаќинот Хрватска.
Од нашата група денеска се играат другите два натпревара од 2.коло:
Словенија - Грузија (18 часот пренос СИТЕЛ 3)
Хрватска - Грција (21 часот пренос СИТЕЛ 3)
На другите дуели од второто коло попладнево беа постигнати следниве резултати:
Србија - Германија 68:66
Русија - Полска 79:82,
Естонија - Белгија 55:84.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје