-->
-->
Евертон останува во Премиер лигата, испаднаа поранешните шампиони Лестер и Лидс Ј.
-->
Лидс и Лестер му се придружија на веќе прежалениот Саутемптон и испаѓаат од Премиер лигата.
Евертон успеа како и лани да се спаси. Тоа го направија благодарение на тесната победа над Бурнмаут со голот на Абдулаје Дукуре. „Карамелите“ ја завршија сезоната на 17. место, последно зад опасната зона, со 36 бодови.
Лидс беше поразен на домашен терен од Тотенхем со 4:1 и заврши на претпоследното 19. место со 31 бод и испадна во Чемпионшип. Тоа му се случи и на Лестер кој победи на домашен терен против Вест Хем со 2:1, но тоа не беше доволно. „Лисиците“ се 18-ти со 34 бодови.
Астон Вила го освои седмото место и се пласираше во Конференциската лига бидејќи по победата од 2:1 над Брајтон во Бирмингем има 61 бод, еден повеќе од Тотенхем.
На другите натпревари од последното, 38. коло беа постигнати следниве резултати: Арсенал - Вулверхемптон 5:0, Астон Вила - Брајтон 2:1, Челзи - Њукасл 1:1, Кристал Палас - Нотингем Форест 1:1, Лидс - Тотенхем. 1:4 , Евертон - Бурнемаут 1:0 и Саутемптон - Ливерпул 4:4.
Манчестер Сити ја одбрани титулата, откако го освои првото место со 89 бодови. Второто место го освои Арсенал со 84, Манчестер Јунајтед е трет со 75, додека Њукасл е четврти со 71. Овие четири клуба следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши