-->
-->
Еванс се сели во Евертон
-->
Фудбалерот од Северна Ирска Џонатан Еванс е многу близу до напуштање на Манчестер Јунајтед и преминување во Евертон.
Тој изминатиот период се соочуваше со повреди кои го оддалечија од посакуваната форма и тоа беше причина да не добие понуда за нов договор со клубот од „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми јавуваат дека следна дестинација на овој 27-годишен дефанзивец ќе биде Евертон, а заработката на Манчестер од овој трансфер се проценува на седум милиони фунти.
Еванс со Манчестер има освоено трофеи во Премиер лигата, Лига Купот и Светското клупско првенство. Минатата сезона одигра само 14 натпревари за „црвените ѓаволи“.
Тој е стандарден репрезентативец на Северна Ирска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури
-
Црвен крст - Штип организира обуки за прва помош за заинтересирани граѓани, фирми и ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога се трошеле најмногу државни пари