-->
-->
Еванс: Еден ден ќе им раскажувам на моите внуци за победата над Ѓоковиќ
-->
Британецот Даниел Еванс изјави по денешниот триумф над најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ дека остварил огромна победа до која стигнал благодарение на вербата во сопствените можности.
– Ова е навистина голема победа и јас сум пресреќен. Мора да верувате дека можете да победите, тоа е најважната работа“, изјави Еванс.
Британскиот тенисер го победи Ѓоковиќ во третото коло на Мастерс турнирот во Монте Карло со 6:4, 7:5, нанесувајќи му го на Србинот првиот пораз сезонава.
– Веројатно сè уште не сум свесен, не можев да поверувам дека последното топче ја мина мрежата. Еден ден ќе им раскажувам на моите деца и внуци дела го победив најдобриот тенисер на светот, изјави Еванс, кој во моментот е 33. рангиран на АТП листата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ