-->
-->
ЕУ: Сојот Омикрон ќе биде доминантен до средината на јануари
-->
Сојот Омикрон на коронавирусот се очекува да стане доминантна варијанта во Европска Унија до средината на јануари, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека Унијата е подготвена да се бори со тој сој со 66 отсто од вакцинираното население и оти е убедена дека ЕУ има сила и средства да ја надмине пандемијата.
Фон дер Лајен додаде дека досега повеќе од 300 милиони Европејци (66,6 отсто од популацијата на ЕУ) се целосно имунизирани против Ковид-19, а 62 милиони веќе примиле засилена доза од вакцината.
Таа истакна дека ЕК почнува онлајн информативни кампањи за да ги убеди луѓето да се вакцинираат.
Според неа само 44 отсто од вкупното население ширум светот се вакцинирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанија му излезе во пресрет на Косово и ќе му дава струја за да се избегнат рестрикциите
-
Ѓоргиев: Усвоените препораки за заедничко чествување и за учебниците не ги допираат идентитетските прашања
-
Мицкоски: Наместо да зборуваме за иднината, ние зборуваме за средниот век
-
Мицкоски: Очекуваме да го подобриме резултатот од октомври во Тетово
-
Мицкоски до Ковачевски: Ајде на избори и соочување со народот
-
55-годишен крадец се обидел да силува 45-годишна жена во струшко
-
Децата повредени во сообраќајната несреќа во Бугарија пристигнаа во Србија
-
Почина проф. д-р Димитар Бајалџиев