Пробиштип ќе добие Музеј на ретки минерали
Рударскиот град Пробиштип ќе добие Музеј на ретки минерали, неговата реализација ќе почне годинава, најави градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов. Музејот на ретки минерали ќе чини 12 милиони денари, од кои девет милиони денари ќе се обезбедат преку Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа, а останатите три милиони денари се планирани од буџетот на Општина Пробиштип.
– Овој единствен музеј од ваков вид кај нас треба да го прикаже развојот на рударството во Република Македонија. Во Пробиштип постои богата збирка од ретки минерали којашто збирка моментално се чува во Домот на културата „Злетовски рудар“, вели Анастасов.
Музејот на ретки минерали треба да биде дел од туристичката понуда на Пробиштип, којшто на туристите им го нуди преубавото и живописно село Лесново, потоа старата населба Злетово, кадешто се уште работат познатите злетовски грнчари и ги изработуваат македонските бардаци, глинeни тави, котлиња и најразлични сувенири. Овој Музеј на ретки минерали предвидено е да служи и како едукативен центар за студентите на факултети по рударство и геологија. Проектот е од регионален карактер и ќе овозможи поголем развој на туризмот во Источно планскиот регион.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците