ЕУ предупредува на руската „флота во сенка“, ветува посилни контрамерки
Европската унија предупреди на руската таканаречена „флота во сенка“ и вети дека ќе преземе посилни мерки по наводната саботажа на подводниот енергетски кабел во близина на брегот на Финска.
ЕУ „ќе преземе посилни чекори за да се спротивстави на ризиците од тие бродови“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ Каја Калас за весникот „Ди Велт“ во интервју објавено денеска.
„Руската „флота во сенка“ ја загрозува животната средина и го финансира рускиот воен буџет“, рече Калас, додавајќи дека бродовите се осомничени за извршени акти на саботажа.
Подводниот кабел за напојување Естлинк 2 меѓу Естонија и Финска беше отсечен во средата, за што финските власти се сомневаат дека може да биде чин на саботажа.
Тие го задржаа нафтениот танкер „Игл С“ под знамето на Куковите Острови, чие сидро се верува дека оштетило кабел.
Според ЕУ, бродот би можел да припаѓа на таканаречената руска „флота во сенка“ – танкери и други товарни бродови кои Русија неофицијално ги користи за, на пример, заобиколување на санкциите за транспорт на нафта.
Ново на Сител
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава