Loading Video...
Балкан
22. March 2024 - 16:54

ЕУ отвори преговори за членство со Босна и Херцеговина, но се условени со спроведувањето реформи

- Успеваме. ЕУ ги препозна резулатите што ги постигна Босна и Херцеговина и сега јасно е поставен патот кон полноправно членство во европската семејство. Политичките претсавници во Босна и Херцеговина, вклучително   и членовите  Државното претседателствот ја поздравија веста од Брисел-Европскиот совет одобри старт   на пристапните преговори. Велат то е голема шанса, но и обврска за нашата земја.

И претседавачот со Претседателството ,  Денис Беќировиќ, со слична изјава . Сега, кога  ја отворивме вратата кон полноправо членство во ЕУ, мора уште поинтензивно да продолжиме со реформските процеси истакна Бекирови, претседавачот на Советот на министри.

Борјана Кришто испрати писмо до Европскиот совет. Се забглагодари за одлуката за која рече дека е историски момент кој симболизира клучна промена на понатамошниот пат на евроскпата интеграција и претставува потврда за работата на инситуциите на сите нивоа на власт во Босна и Херцеговина.

За претседателот на Република Српска Милорад Додиќ потегот на Брисел е признание за сите граѓани и политички сили кои упорно се залагаат за зајакнување на меѓусебното почитување, договори и компромиси меѓу Србите, Бошњаците и Хрватите. 

Веста од Брисел ја однесе Босна во играта на повиско ниво истакна Високиот претсавник во БиХ, Кристијан Шмит, нагласувајќи дека сега пред земјата стои многу работа.

БиХ аплицираше за членство во ЕУ во 2016 година, а со одлука на ЕУ на самитот во Брисел во 2022 година, оваа земја официјално доби кандидатски статус. Европската Комисија официјално препорача отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Босна и Херцеговина на 12 март 2024 година, а синоќа Европскиот совет се согласи.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ оцени дека потегот на Европскиот совет е важен за регионот и политиката на проширување.

„Ова е важен ден и за регионот и за политиката на проширување и најважен за граѓаните на Босна и Херцеговина. Црна Гора стои силно со сите свои соседи на патот кон нашата заедничка иднина во ЕУ“, напиша Спајиќ на социјалната мрежа X.

Честитки за Сараево стигнаа и од другите соседни земји.

„Ќе продолжиме да ѝ помагаме на Босна и Херцеговина и да ги штитиме интересите на Хрватите како конститутивна нација“ истакна хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.