ЕУ нагласува дека насилството на протестите во Србија е неприфатливо и бара да се истражат изборните нерегуларности
Европската унија соопшти дека мора да се почитува правото на мирни демонстрации во Србија, но нагласи дека насилството не е решение и е неприфатливо, и повторно повика на „соодветна истрага за наводите за изборни нерегуларности“.
– Постапките на полицијата мора да бидат соодветни и основните права мора да се почитуваат во рамките на владеењето на правото.
ЕУ повикува на мир и дијалог, соопшти Европската унија како одговор на прашање на Гласот на Америка за немирите на протестите во Белград завчера.
Брисел не ги коментира обвинувањата на властите во Србија кон неименувани западни земји за предизвикување немири на протестите по изборите.
Странската набљудувачка мисија предводена од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) во прелиминарниот извештај наведе дека изборите во Србија биле обележани со сериозни нерегуларности на денот на гласањето, како и со нефер изборни услови во корист на властите.
Властите во Србија демантираат дека имало изборни нерегуларности и одбиваат да ги исполнат барањата на опозицијата и на дел од граѓаните во Белград повторно да се одржат избори.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник