ЕУ ќе даде речиси половина милијарда евра за сириските бегалци
Европската комисија соопшти дека оваа година за бегалците ќе обезбеди 445 милиони евра. Средствата ќе бидат наменети за Сиријците, кои се во нивната татковина, како и за оние кои избегале во Либан, Јордан и Турција, јави БТА.
Еврокомесарот за хуманитарните активности Христос Стилианидис изјави дека ситуацијата во Сирија претставува слична катастрофа како онаа за време на Втората светска војна.
- ЕУ ќе ги поддржува Сиријците дотогаш, до кога е потребно, додаде тој.
Средствата ќе послужат за обезбедување вода, засолништа, храна и лекарства.
Сирија ќе добие 140 милиони евра, Либан - 87 милиони евра, Јордан - 53 милиони евра, а Турција 165 милиони евра.
ЕК забележува дека пет години по почетокот на војната во Сирија речиси половина од населението е раселено.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар