ЕУ и нуди финансиски помош на Африка за запирање на бегалскиот бран
ЕУ на земјите од Африка им нуди „милијарди евра помош“ за да се запре напливот на мигранти и за да помогне во справувањето со сегашната бегалска криза, соопштија денеска европски дипломатски извори во пресрет на почетокот на дводневниот регионален Самит во Ла Валета.
Според најавите, на Самитот во главниот град на Малта, на лидерите на околу 60 земји од Унијата и од Африка, ќе расправаат за масовната преселба на луѓе од африканскиот континент кон Европа.
Во Брисел веќе е подготвен специјален фонд од 1,8 милијарди евра за финансиска помош за африканските земји, а од Европската комисија доаѓаат најави дека тој износ би можел да биде и поголем, затоа што се разговара со земјите-членки за зголемување на ниваната финансиска партицапиција.
Целта на Самитот ЕУ-Африка во Ла Валета е двете страни да се зафатат со економските и со безбедносните проблеми што ги тераат луѓето да бегаат, како и да се натераат земјите од „Црниот континент“ да прифатат назад поголем дел од лицата на кои им се одбиени барањата за азил.
Овој Самит е планиран веднаш по големата катастрофа во Медитеранот, во април годинава, кога брод полн со бегалци потона крај либискиот брег, при што загинаа околу 800 лица.
Самитот во Малта беше одложен откако ЕУ во изминативе шест месеци се соочи со наплив на бегалци од исток, од Турција, од каде тие заминуваат без никакво ограничување и преку Грција и земјите од Балканот, се префрлаат на кон богатите западни земји на ЕУ.
Оваа година, приближно 150 илјади мигранти од Африка, успеаја да се префрлат преку Медитеранот и да дојдат до ЕУ, пред се, до Малта и Италија.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија