ЕУ ги повикува Србија и Косово да ги исполнат своите обврски
ЕУ ги повикува Србија и Косово без одлагање или предуслови да ги исполнат сите обврски од Договорот за патот кон нормализација и анексот за негова имплементација, вклучително и Асоцијацијата/Заедницата на општини со српско мнозинство, и Европската комисија и Високиот Претставник да предложи измени и дополнувања на критериумите за поглавјето 35 од пристапните преговори со Србија.
Тоа се наведува во завршниот нацрт на заклучоците за овонеделниот самит на Европскиот совет, за кои денеска во Брисел расправаат министрите за европски прашања.
Во нацрт-заклучоците до кои имала увид агенцијата Бета, се нагласува дека нормализацијата на односите и спроведувањето на обврските од дијалогот се суштински услови на европскиот пат и за Србија и за Косово, кои ризикуваат да пропуштат важни можности доколку има нема напредок.
„Советот потсетува дека напредокот на Србија во владеењето на правото и нормализацијата на односите со Косово ќе продолжи да го одредува целокупното темпо на пристапните преговори“, се наведува во заклучоците, во кои, меѓу другото, се повторува загриженоста за состојбата во медиумите.
Кога станува збор за Косово, Советот ја поздравува подготвеноста на Србија и Косово да го прифатат нацрт-статутот што ЕУ им го презентираше, со разбирање дека е неопходно да се работи понатаму на таа основа.
Во заклучоците се наведува дека Советот очекува Србија и Косово да најдат одржливо решение за ситуацијата на северот на Косово, решение што гарантира безбедност, сигурност и партиципативна демократија за сите граѓани.
Се очекува Србија да се приклучи на дијалогот предводен од ЕУ со добри намери и во духот на компромисот да постигне сеопфатен правно обврзувачки договор со Косово за нормализација на односите во согласност со меѓународното право и правото на ЕУ без натамошно одлагање.
Се додава дека тој договор треба да се занимава со сите клучни отворени прашања и со тоа да придонесе за регионалната стабилност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето