ЕУ ги осуди најавените руски референдуми во Донбас
Европската Унија преку својата дипломатска служба ги осуди најавите за референдум во Луганск и Доњецк од страна на руските власти и ги нарече нарушување на суверенитетот на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија смета дека овие планирани референдуми во областите Доњецк и Луганск се нелегални.
-Тие се спротивни на законски и демократски одбраните украински власти и се нарушување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и на меѓународното право. Резултатот на овие дејствија ќе бидат неважечки и нема да бидат признаени од страна на ЕУ и нејзините земји членки, соопшти Европската Унија. Според ЕУ, од почетокот на руската инвазија на Украина, бројни украински граѓани биле киднапирани, нелегално уапсени и жртви на тортура, додека друг дел од населението бил протеран, а легално избрани претставници биле насилно заменети.
Пристапот до слободни и независни медиуми е силно ограничен. -Поради ова, овие нелегални “гласови“ не можат да се сметаат, под било кои околности, како слободен израз на волјата на народот кој живее во овие региони под постојана руска воена закана и заплашување, е ставот на ЕУ. Унијата предупредува дека сите политички лидери од Русија инволвирани во најавените референдуми на Донбас ќе се сметаат за одговорни пред меѓународното право и ќе бидат најверојатно предмет на санкции.
Ново на Сител
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
-
На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници
-
Исчезната 71 годишна велешанка
-
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ
-
Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM