ЕУ е „фрустрирана“ поради бугарската блокада која ја кочи и Албанија
Висок дипломатски извор на ЕУ, кој ги брифираше дописниците во Брисел утрово, порача дека бугарската блокада поради билатерален спор со Македонија ја фрустрира цела Европска Унија, јави дописничката на МИА од Брисел.
И покрај сите дипломатски обиди, Бугарија не попушта за непринципиелното вето што и го поставува на Македонија за билатерални спорови, поради што целата дискусија за проширувањето на ЕУ кон западен Балкан е отстранета од дневниот ред на министрите за европски работи утре во Брисел. Ова ја вклучува и Албанија која се надеваше на некаков напредок во однос на својата преговарачка рамка со ЕУ.
-Германското претседателство е фрустрирано што не беше возможно да се постигне прогрес за преговарачката рамка со Македонија, направивме сѐ што можевме вклучително и олеснување на компромис помеѓу Бугарија и Македонија. Не сме задоволни што Бугарија ги блокира пристапните преговори поради билатерални прашања со Македонија, поради ова земјите членки сметаат дека не може да се напредува ниту со Албанија, изјави висок дипломатски извор на ЕУ пред утрешниот министерски состанок.
Според дипломатите „нема светло на крајот од тунелот“ во однос на деблокирањето на преговорите со Македонија, бидејќи Бугарија не попушта за билатералниот спор, со што се создаде целосна блокада во Советот во однос на проширувањето.
Дипломатите во ЕУ не очекуваат напредок до крајот на германското претседателство, а лидерите на ЕУ в четврток и петок во Брисел „нема да имаат време да се занимаваат со проширувањето“ бидејќи агендата е „веќе преполна“.
До крајот на оваа година ЕУ треба да изнајде решение за трговското партнерство помеѓу ЕУ и Обединетото Кралство, преговори кои се засега блокирани. А блокада има и во делот на преговорите за буџетот на ЕУ и фондот за закрепнување поради Унгарија која не прифаќа механизам за надзор на владеењето на правото.
Проширувањето можеше да биде „успехот“ на германското претседателство во оваа кризна година за ЕУ, но поради Бугарија, Берлин најверојатно ниту ова нема да може да го приложи како постигнување, коментираат дипломатите во Брисел.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст