ЕУ бара од Турција да ги испита наводите за нерегуларности на референдумот
Европската комисија денеска ја повика Турција да се испитаат „наводните нерегуларности“ на референдумот за уставните узмени што се одржаа во неделата, со кои се зголемија овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Комисијата очекува истрага во Турција за можни нерегуларности на референдумот, а бара и национален консензус во однос на исходот од народното изјаснување.
- Апелираме до турските власти многу внимателно да се разгледаат следните чекори и да бараат најширок можен национален консензус по референдумот. Ги повикуваме властите да започнат транспарентна истрага за овие наводни нерегуларности, изјави на денешнио редовен брифинг во Брисел, портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас.
Тој се повика на извештаите на меѓународните набљудувачи и посебно на одлуката во последните моменти пред рефеендумот да се дозволи гласање на непечатирани гласачки ливчиња од страна на турската изборна комисија.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени