ЕУ: 700 милиони евра за малите и средни претпријатија во Грција
Инвестициониот план за Европа на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска донесе бенефит за малите бизниси во Грција. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, грчката "Пиреус банка" ќе им позајми 700 милиони евра на малите и средни претпријатија во Грција, благодарение на договорот потпишан денес со Европската инвестициска банка (ЕИБ), со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и со Европската банка за реконструкција и развој (ЕБОР).
Овој договор е поддржан од Европскиот фонд за стратешки инвестиции (ЕФСИ) на инвестициски план.
Еврокомесарот одговорен за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси, истакна дека денешниот договор со "Пиреус Банка", направен според Јункеровиот план, значи 700 милиони евра ново финансирање за грчките мали и средни претпријатија.
- Ова ќе даде голем поттик за економијата и тоа ја покажува континуираната заложба на Комисијата за поддршка на растот и развојот во Грција - истакна Московиси.
Почнувајќи од септември 2017 година, активностите одобрени од Европскиот фонд за стратешки инвестиции (ЕФСИ) се очекува да предизвика 236,1 милијарди евра вкупни инвестиции во 28 земји-членки на Европската унија.
ЕИБ проценува дека до 2020 година,според планот на Јункер, се очекува зголемување на БДП на ЕУ за 0,7 отсто и тоа да создаде 700.000 работни места.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип