ЕСМ: Цевките од топловодот од РЕК до Битола поставени под магистралниот пат Битола – Новаци
АД ЕСМ информира дека цевките од топловодот од РЕК Битола се поставени под магистралниот пат Битола-Новаци. Градежниот зафат, велат од компанијата, беше подготвуван речиси еден месец и претставуваше еден од сериозните предизвици со кои се соочија изведувачите на топловодот, фирмите Гранит и Рапид билд.
-Паралелно со пробушувањето на трасата на топловодот под регионалниот пат Битола – Новаци, во тек се подготовките за поминување на цевките под реката Црна, во непосредна близина на Новаци. И овој зафат е подготвуван подолго време, при што искористени се најдобрите светски практики за вакви ситуации, информираат од АД ЕСМ.
Во останатиот дел од трасата, топловодот од РЕК до Битола е поставен, речиси без проблеми, во должина од околу 12 километри. Цевките за топлификацијата се поставени до индустрискиот дел од градот од каде продолжува нивното поставување во насока на улица „Партизанска“ и на улицата „Иван Милутиновиќ“.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже