Ерик Дејн боледува од неизлечива болест
Американскиот глумец Ерик Дејн, познат по својата улога во ТВ-серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), откри дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС). Станува збор за невролошко заболување на мускулите и засега нема познат лек за таа болест.
– Дијагностициран ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го почнуваме ова ново поглавје во животот. Љубезно Ве молам да ми дозволите мене и на моето семејство малку приватност, изјави глумецот за „Пипл“ (People).
Дејн (52), исто така, потврди дека следната недела ќе почне со снимање на третата сезона на „Еуфорија“, во продукција на „Ејч-би-о“ (HBO), каде што го глуми ликот Кал Џејкобс.
Дејн е во брак Ребека Гејхарт, со која се венчаа во 2004 година. Гејхарт поднесе барање за развод во февруари 2018 година, но неодамна открија дека одлучиле да се откажат од разводот. Заедно имаат две ќерки: Били (15) и Џорџија (13).
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото