Ердоган: За една година ќе изградиме 488.000 нови домови за жртвите од земјотресот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера вети дека ќе го обнови јужниот регион во земјата, кој минатиот месец беше погоден од силни земјотреси во кои животот го загубија најмалку 46.104 луѓе, јавува Анадолија.
- Денеска, додека ја оставаме четвртата недела од земјотресот зад нас, појасно ја гледаме големината на катастрофата што ја доживеавме и подлабоко ја чувствуваме болката од нашите загуби, рече Ердоган по владината седница во Анкара.
Земјотреси со магнитуда 7,7 и 7,6 погодија 11 турски провинции на 6 февруари - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмарас, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа. Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција беа погодени од разорните земјотреси, како и многумина во северозападна Сирија.
- Нашата цел е да започнеме со изградба на 244.000 домови и 75.000 рурални куќи во следните два месеци, рече Ердоган, додавајќи дека изградбата на 22.000 згради веќе е започната.
Во рок од една година ќе бидат изградени вкупно 488.000 нови домови за жртвите од катастрофи во областите погодени од земјотресот, додаде турскиот претседател.
Ердоган рече и дека во рок од два месеца ќе бидат поставени 100.000 контејнери во регионот за 500.000 жртви од земјотресот да живеат во подобри услови.
Ново на Сител
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
-
Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната
-
Апелација ја објави пресудата за Боки 13
-
Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес
-
Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона
-
Приведен 42 годишник од Чегране, бил баран по потерница
-
Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот