Ердоган: Работиме на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на отворањето на 13. Конференција на амбасадори во Анкара, истакна дека Турција работи на воспоставување на стабилност и просперитет на Балканот.
– Работиме на воспоставување стабилност, соработка и просперитет на Балканот, со кого имаме длабоки врски, посочи Ердоган.
Претходно, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу најави дека Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските држави.
– Посетата што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја направи на балканските земји следниот месец ја потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста на регионот. Турција силно ги поддржува мирот и стабилноста на Балканот, посочи Чавушоглу.
Тој се осврна и на тоа дека Турција обезбедила спроведувањето на Договорот за извоз на жито од Украина, со што придонела за обезбедување на доволни количини храна за светот „кога кризата со храна е на врата“.
Ердоган, исто така, ги осуди нападите на Израел врз палестинските цивили и додаде дека Анкара го поддржува решението две држави за палестинско-израелскиот конфликт.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива