Ердоган му понуди на Зеленски посредување за создавање демилитаризирана зона околу Запорожје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер, повикувајќи се на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство. Како што е наведено, двајцата разговарале за последните случувања поврзани со војната во Украина. Ердоган го изразил своето задоволство што „успешно е завршена размената на затвореници меѓу Русија и Украина, на која се работеше долго време“.
Турскиот претседател му понудил на Зеленски посредување за создавање демилитаризирана зона околу АЕЦ Запорожје.
„Ердоган, кој истакна дека договорот за извоз на украинско жито функционира успешно, посочи дека може да се преземе сличен пристап и во однос на нуклеарната централа Запорожје и дека предлогот за неопходно посредување и помош при формирање демилитаризирана зона околу нуклеарната централа е реален“, велат од Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.
Ново на Сител
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај