Ердоган: Израел и е потребен на Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција мора да прифати дека Израел и е потребен и доколку двете држави искрено би соработувале, можна е нормализација на односите.
- На Израел и е потребна земја како што е Турција во регионот. А Турција мора да прифати дека и е потребен Израел, наведе Ердоган, додавајќи оти тоа е „реалност во регионот“.
Тој посочи дека Израел предложил да дозволи транзитирање на турските артикли и градежни материјали низ Појасот Газа.
- Потребно ни е да видиме пишуван текст за да се обезбедиме дека нема да има отстапки од договорот, посочи Ердоган.
Турција, членка на НАТО, беше клучен регионален сојузник на Израел до 2010 година, кога беа нарушени билатералните односи откако девет турски активисти беа убиени од страна на израелски командоси на турскиот брод „Мави Мармара“, кој се обидуваше да ја пробие блокадата за Појасот Газа.
Но, атмосферата е смени откако минатиот месец беше обелоденето дека двете држави тајно преговараат за подобрување на односите.
Претходно, Ердоган истакнуваше дека Турција има три услови за нормализирање на односите - Израел да се извини за убиството на турските активисти на бродот „Мави Мармара“, да обезбеди компензација за семејствата на жртвите и да укине блокадата на Појасот Газа.
Израел веќе се извини за инцидентот на бродот, постигнат е и напредок во преговорите за исплата на отштета на семејствата на жртвите, а останува уште блокадата на Појасот Газа.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина