Eпидемијата на мали сипаници не стивнува
Додека Mинистерсвото за здравство и Mинистерството за образование и наука донесат конечна одлука за тоа дали невакцинираните деца ќе се примаат на училиште родителите на социјалните мрежи упатуваат каде да се побара помош доколку детето не биде примено на училиште. Според нив доколку децата поради нецелосен вакцинален картон не можат да се запишат на училиште помош да побараат во канцеларијата на Народниот правобранител или пак до Хелсиншкиот комитет за човекови права. Уранија Пировска, претседателка на Хелсиншкиот комитет истакнува дека загрозувачки фактор по јавното здравје се децата да посетуваат училиште доколку не се вакцинирани.
Во меѓувреме малите сипаници непрекинато се шират. Најзагрижувачка е ситуацијата со бебињата што немаат наполнето една година. Од почеток на годинава во земјава заболеле над 1400 лица а 4 деца починаа поради компликации од морбили. Здравствените власти постојано апелираат на вакцинација со МРП вакцината која е единствената заштита од мали сипаници, рубеола и заушки. Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници на ниво на цела држава со кокретни мерки бидејќи малите сипаници се присутни во 21 град ширум државата. Според последните податоци загрижувачка е состојбата со вакцинацијата надвор од Скопје, кадешто има уште 18.800 лица кој не се заштитени со МРП вакцина. Веќе од утре здравстените власти најавија засилени контроли во цетрите за јавно здравје надвор од Скопје.
Ново на Сител
-
Пожари на Крит, Кос и Хиос
-
ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина
-
Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб | ВИДЕО
-
Муртезани за гафот: Ова се случува кога си обожавател на Ричард Гир
-
Укинување на економските директори во јавните здравствени установи денеска на владина седница
-
ДЗР: 40% од високообразовниот кадар ја напуштиле Македонија
-
Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри