Епидемијата на Ковид-19 однесе нови 642 животи во Франција
Нови 642 смртни случаи како последица на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во Франција, со што бројот на жртвите достигна 19 323, јави дописникот на МИА.
Според податоците дадени од фрацуските здравствени власти од почетокот на епидемијата на 1 март, во француските болници починале 11 842 лица, додека во домовите за нега на стари и изнемоштени лица 7 481.
Бројот на пациентите кои се наоѓаат на болничко лекување од Ковид-19 изнесува 30 639, односно 551 помалку од вчера. На интензивна нега се наоѓаат 5 833 пациенти, односно 194 помалку во споредба со петокот. Ова е десетти ден по ред како што се намалува бројот на пациентите на интензивна нега и четврти ден по ред како се намалува бројот на хоспитализираните.
На почетокот од епидемијата Франција располагаше со само 5 000 кревети на интензивна нега.
Ново на Сител
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПНЕ
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва