Ракомет
21. January 2016 - 11:33

ЕП Полска 2016: На стартот од вториот круг против Хрватска

Втората фаза од натпревари од европското во Полска Македонија ќе ја почне вечерва од 20:30 часот во Таурон Арена против Хрватска. Тоа е селекција која одигра променливо на претхдните три натпревари, а тоа го истакнаа и самите тие во разговорите со македонските новинари. Селекторот Обрван напоменува дека ќе треба да се игра максимално дисциплинирано и со минимален број технички грешки.

Јунак за пласманот во оваа фаза беше Дејан Манаснокв со голот против Србија во последните секунди.

Досега со Хрватска на официјалните натпревари имаме одиграно четири натпревари, а последен пат во неизвесен натпревар загубивме во Катар на светското.

Натпреварот ќе го судат германските судии Гепел – Хелбиг, кој на овој шампионат ни судеа на дуелот со домаќинот Полска. На дуелот со Хрватска македонските ракометари повторно ќе ја имаат поддршката од македонските фанови.

 

Меѓусебни дуели со Хрватска:

30.10.1997 Скопје Македонија - Хрватска 31:29

02.11.1997 Карловац Хрватска - Македонија 37:27

01.06.1998 Мерано ЕП Хрватска - Македонија 28:21

21.01.2005 Доха СП Македонија - Хрватска 26:29